Откриени тајните планови на принцезата Дијана Сакала да се пресели во Калифорнија

9

24 години по трагичната смрт на британската принцеза Дијана откриени се нејзините тајни планови.

Најголема желба и била да рабити на документарни филмови и да проведува многу време во Холивуд, открил нејзиниот близок соработник и тренер Стјуарт Пирс.

-Никогаш непрежалената принцеза имала голема желба со синовите да се пресели во Калифорнија и да се обиде да работи во филмската индустрија.

Оваа информација за „Дејли маил“ ја потврдил нејзиниот близок соработник Пирс.

-Тој одлучил да проговори за тајните планови на Дијана на 24 годишнината од нејзината трагична смрт. Според неговите зборови пританската принцеза планирала со синовите принцовите Вилијам и Хари и партнерот Доди Фејд да се пресели воАмерика во Калифорнија.

Пирс открил дека Дијана години пред загинувањето во автомобилската несреќа почнала да гради тајна кариера во Холивуд, но не како актерка, имала амбиции да работи зад камерите. Тој го дознал тоа за време на приватните часови по музика со Дијана, кои тие двајца ги започнале во 1995 година.

-Во главата имала многу големи проекти.Но, најголема желба и беше да работи на документарни филмови и многу време да минува во Холивуд, раскажал Пирс.

Но, животот на Дијана прекина во страшна сообраќајна несреќа, пред да успее да ги реализира овие планови.

Инаку, на принцезата Дијана и била понудена и улога во продолжението од хит филмот „Телохранител“со Витни Хјустон, на тоа најмногу инстистирал лично славниот актер Кевин Костнер. Но, тоа воопшто не било предизвик за принцезата Дијана.