ОФИЦИЈАЛНО: Абрахам од Челзи нов напаѓач на Жозе Мурињо и Рома

7

Тами Абрахам и официјално е нов фудбалер на Рома, денес потврди италијанскиот клуб. Младиот англиски напаѓач со „римската волчица“ потпиша договор до 2026 година.

Во официјалното соопштение се наведува дека Рома платила 40 милиони евра за трансфер на 23-годишниот фудбалер во Челзи. Се додава дека договорот за трансфер содржи бројни клаузули поврзани со настапите на играчот, како и за резултатите на клубот. Челзи го задржа правото на процент во идните трансфери на Абрахам.

Исто така, постои клаузула според која англискиот клуб може да го врати играчот за сума од 80 милиони евра уште во 2023 година.

Странските медиуми пренесуваат дека Абрахам ќе добива помеѓу четири и пет милиони евра по сезона.