Официјално: Кристијан Ериксен се врати во Премиер лигата!

8

После повеќе од пола година Кристијан Ериксен конечно се враќа на фудбалскиот терен.

Драмата започна летоска на Европското првенство кога доживеа cрцев yдар на натпреварот против Финска, па лекарите со многу напор успеаа да го вратат во живот.

Данецот неколку недели помина во болница и доби совет да ја заврши кариерата, но тој не сака тоа да го направи. Ериксен претходните месеци напорно тренираше и спремен е повторно да се врати на теренот.

Откако неодамна го раскина договорот со Интер одлучи да се врати во Англија и повторно ќе го гледаме во Премиер лигата.

Имено, Ериксен потпиша договор со Брентфорд, а клубот го официјализираше трансферот. Данецот потпиша договор до крајот на сезоната со опција за продолжување на соработката.