Барселона денеска конечно го комплетира трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг, еден ден по завршувањето на зимскиот преоден рок.
Уште во понеделникот, на последниот ден од преодниот рок, Барселона ги договори сите детали со Обамејанг, но се чекаше напаѓачот да го раскине договорот со Арсенал.
Откако стана слободен играч, Барселона денеска потврди дека Пјер-Емерик Обамејанг е нов фудбалер на каталонскиот тим и дека потпиша договор до 2025 година. Во договорот постои клаузула според која истиот може да биде раскинат на крајот од наредната сезона.
Обамејанг ќе претставува големо засилување во нападот на Барселона каде Мемфис Депај не се покажа најдобро во првиот дел од сезоната, и се очекува заедно со Феран Торес кој дојде до Манчестер сити да ја сочинуваат напаѓачката двојка.