ОЈО: Сто илјади денари казна за хотел кој работел и покрај забраната

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлог за парични казни против управител на хотел и против правното лице бидејќи хотелот работел и покрај забрана за работа како дел од мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

25

Тие се товарат за кривично дело „непостапување според здравствените прописи“, за што предложени се казни од 2 000 евра за управителот и 100 000 денари за правното лице.

„Обвинетото физичко лице во својство на управител на правниот субјект – хотел, не постапил согласно законските прописи за спречување на ширењето на заразната болест ковид-19 и овозможил хотелско сместување на лице од Дебар, спротивно на одлуките и наредбите со кои сите угостителски објекти се затворени за гости“,се вели во соопштението од ОЈО.
Прекршокот бил констатиран при вонреден инспекциски надзор од Државниот пазарен инспекторат.