О НАРОДЕ ООО…!

221

За да се опише во нај реална смисла секојдневието во Македонија поребен е посебен вокабулар. Дури, за многу нешта што се случуваат воопшто не е изнајдена дефиниција. Треба допрва да се најде дефиниција за тоа кое дно сме, која стока сме и каде овака со овој акал ке одиме.Живееме во неверојатно депресивна атмоссфера. Народ оди по улица и не гледам дека на нечија фаца има насмевка. Понекој оди и зборува сам со себе. Па тоа е уметност бе. Треба у себе да имаш и прашање и одговор. Зошто ако немаш одговор а имаш сериозно прашање, ке се збуниш самиот себе си. Ако си забеган со нервите, можеш и да се нокаутираш сам себе си. Поготово кога ке сватиш колку си глуп

 

Од Агим ЈОНУЗ

Што да се зборува и анализира во време во кое според христијанските преданија постојат седум смртни гревови кои меѓу нас буквално царуваат, и никогаш не биле по изразени откога постои човештвото. Тие не се само христијански, тие се универзални. Се косат со сите критериуми поставени уште кога Мојсеј / Хазрети Муса а.с. се симнал од светата гора со десетте божји заповеди кои без разлика на религијата останале универзална цивилизациска догма. Гордост, алчност, завист, гнев, похлепност, блуд и мрзливост. И замисли го тоа сето во амбиент на примитивизам во кој не постојат правила кои не се прекршени, па биле тоа религијски, државни, пишани или непишани. Животот стана како стари  крпени гаќи во кои ќаволот ти го чеша газот секој ден да направиш нешто спротивно на она што е исправно. Митолошките преданија велат дека токму од овакви причини господ ги уништил двата града Содома и Гомора, за кои се претпоставува дека се на дното на Мртво Море во Израел. И во макро, но и во микро светот Содома и Гомора како феномени се длабоко навлезени во човечкото ткиво. Не мора господ да уништува и казнува ништо и никого. Човекот почнува сам да се казнува ама не е свесен за тоа. Светот оди кон самоуништување. Што ни стои на божјиот пат овака? И без воопшто да имам намера да држам религијски анализи и мудрувања во колумнава, само сакам фигуративно да потсетам дека сево ова не води по патот на кој не чекаат четирите јавачи на апокалипсата ( Библија) а тоа се војната, гладот, болеста и смртта! Не треба посебна интелигенција за да се види дека сето тоа сега и овдека се влече по планетата земја. Во Македонија јаваат 10 јавачи на апокалипсата. Четворицата главни имаат дури и помошници, па заменици, па уште по еден ‘‘со договор на дело‘‘. Тука воопшто не земаме предвид дека сите тие имаат и по еден преведувач нели, со оглед на двојазичноста и на рамковниот договор.  Секој своја екипа која има зелено светло на теренот да прави што сака. Можете да си замислите Македонија да е во непосредна воена опасност. Со начин и менталитет со кој живее војната воопшто и не е потребна. Таа е изгубена уште пред да започне.

Еве го дојде Јуни месец, а еуфоријата за добивање датум за преговори станува се потивка и дури како и да не постои. Фала богу што влегуваме во периодот во кој ке започнат и летните одмори, па и пријателите и непријателите ке одат прво да оладат да простите ‘‘муда‘‘ некаде покрај некоја вода, па ке му ја мислиме од Септември понатаму. Во меѓувреме, со оглед на тоа дека во летно време е тешко да собереш народ на демонстрации и на бунтови, летото ке биде искористено да рипне се што има да рипне како поскапување, да се пушто цела ‘‘ прљава вода‘‘ во општеството кое ке го до загорчи ионака горкото секојдневие на обичниот граѓанин. Од наесен не чека постепен пекол. На веќе постоечка ситуација на општи поскапувања, најавите дека ова ке биде најтешката зима до сега полека ке ги зимаме како да е тоа нормално. Сите сме свесни дека ситуацијата оди само на бетер а не на подобро, ама што можеш да смениш!? Моѓжеш да штрајкуваш, да се бунтуваш, да рипаш и да викаш, можеш дури да се организираш и во граѓанска непослушност, ама што можеш да смениш со тоа. Ништо. Се чини дека сме во некоја ситуација на безизлез во која сакале ние или не, мора да се помириме со тоа дека сево ова мораме да го издржиме. Кога велиме да го издржиме, се издржува ситуација која знаеш дека е минлива и после која знаеш дека нешто ке се смени. Трагедијата е во тоа што ова нема ниту почеток, ниту крај. Има само неизвесност која те убива не само економски, туку и социјално, и духовно, и психички и физички. Едноставно умираме полека, ама некој не сака да ни каже дека ова не е ‘‘ скриена камера‘‘, туку сурова вистина. И додека сите оние кои треба нешто да преземат глумат лудило, повикуваат на примитивистички популизам, на лажни социјални светли иднини, народот руши рекорди во пиење седативи, на одење по бајачки, на алкохолизам, проституција, на комар и на блуд. Криминалот, корупцијаата и далаверата не ги спомнуваме зашто се толку многу одомаќени што ако ги нема, ке ни фалат. На тоа сме навикнати како на ‘‘добро утро‘‘! Како што рековме на почетокот на колумната, седумте божји гревови си станаа дел од секојдневието. Затоа, да не се повторуваме, полека ама сигурно сето тоа не води сите нас во едно ќоше. Тоа ќоше се вика самоуништување. Е, де, некој ке рече а бе така е насекаде нене само кај нас! А бе, мене не ме интересира насекаде! Мене ме интересира – дома! А, дома работата е ‘‘гомна‘‘! Нема алтернативен збор. Како е кај нас дома!? Треба некому да се црта? Ај, кога веќе некој сака да му се црта, ајде да цртаме. Ама, онака без влакна на јазикот!

Од една страна ако се поведеме од синтагмата ‘‘каков народ-таква власт‘‘, тогаш не ни е потребно да анализираме премногу. Народот сам си ја поставува власта, која самата му јебе матер на тој исти народ, кој самиот после сака да ја сруши таа власт, која самата ке стори се, само за да не биде срушена! Разбра некој!? Не! Знам! Ама, така функционира. Таа иста власт создава општествена машина која повеќе е импровизација отколку реална и стабилна машина, која создава амбиент на импровизирано секојдневие, кое создава импровизиран живот во импровизиран социјално општествен мир. Се е импровизација. Зошто да не беше, барем нешто ке функционираше. Такво импровизирано секојдневие создава народ кој станува експерт за импровизација на животот, А, импровизацијата на животот не може да помине доколку не се држиме до седумте смртни гревови кои ги спомнуваме. Самиот живот станува грев. Но ајде еве да ја оставиме патетиката на страна.Сите тие гревови се многу убаво опишани во ‘‘ Божествената Комедија‘‘ на Данте Алигиери.

Дали е комедија или е свечен бал!? Велат, ако е бал, тогаш нека е маскенбал. Нашиот живот стана маскенбал. Сите имаме некакви маски. Нај одвратни се оние маски кои носат насмевка. Тоа е исто како кај кловновите, кои имаат широко нацртана насмевка, а кога ќе им се доближиш, у суштина гледаш дека има солзи на очите. Кога имаш народ кој живее во секојдневен маскенбал, се поставува прашањето каква е салата во која се одвива маскенбалот. Тоа е државата. Таа станува голем, шарен циркуски шатор. Сите се во некаков занес додека трае претставата, се додека не одиме дома, легнеме на кревет и се загледаме во една точка на таванот. И тогаш се освестуваме. Од смеење, преоѓаме во плачење. Понекогаш, се размислувам така, си викам ‘‘ благо им на глупавите и на оние кои не разбираат колку е саатот‘‘! Нив им е се интересно, убаво, се надеваат, ама сеедно им е дали и како се одвиваат нештата затоа што доволно им е да послушаат што вика претседателот на партијаата за која гласале. Е како да не му е убав животот кога за него поп/оџа што ке отпее и Мицко / Али што ке кажат тоа е закон! Па него не му треба ни интернет, ни посебна информација, ни анализа, ни бутур. Него му е доволно тоа што знае за кого треба да гласа и крај! Нема тој што да размислува. Грев е да размислува. Забрането му е со закон! Ужива во својот микро свет во кој не му е битно што климатските промени ќе не доведат во ситуација летоска да се печеме на плус пеесет степени. За него не се тоа климатски промени. За него тоа е ‘‘ од господ, де‘‘! Зошто ако земеш да му објаснуваш што се тоа климатски промени нема да те разбере. Ќе мисли дека го заебаваш. Тоа е сликата на просечниот народ. Он е цел среќен што како на мали деца државата му субвенционира да си купи тротинет на струја и како мало дете да прави слалом по улиците во кои најголемиот дел не се шофери туку буквално тарзани. Е, сега имало многу загинати и сообраќајки! Од Господ е бе! Аман бе! Ај, така нека биде,.. ‘‘ од господ е‘‘!

За да се опише во нај реална смисла секојдневието во Македонија поребен е посебен вокабулар. Дури, за многу нешта што се случуваат воопшто не е изнајдена дефиниција. Треба допрва да се најде дефиниција за тоа кое дно сме, која стока сме и каде овака со овој акал ке одиме.Живееме во неверојатно депресивна атмоссфера. Народ оди по улица и не гледам дека на нечија фаца има насмевка. Понекој оди и зборува сам со себе. Па тоа е уметност бе. Треба у себе да имаш и прашање и одговор. Зошто ако немаш одговор а имаш сериозно прашање, ке се збуниш самиот себе си. Ако си забеган со нервите, можеш и да се нокаутираш сам себе си. Поготово кога ке сватиш колку си глуп. Много е лошо кога сам ке сватиш колку си у суштина будала. Ми кажува еден другар неуропсихијатар, вика ми доаѓаат пациенти не знам дали е растение, дали е човек. Убиено се во него. Убиени во поим. Па лекарствата не може да ти го сменат животот. Тие може само да ти регулираат нерви, ама не може да те усреќат. Сега нај уносен бизнис е да продаваш Диазепам. Пие народ како луд. Скоро бев на една свадба, луѓето не пијат за да се веселат, пијат за да се опијанат. И после скокај на маса како будала да играш чочек. Чочек не се игра од мака, туку од радост. А и свадбите не се онакви како што беа. Голем дел од свадбите се затоа што младата била ‘‘ малце трудна‘‘ па да не се пораѓа онака како да нема ни татко ни мајка. Оние што се зимаат од љубов си ги планираат свадбите, и кога ке видат колку кошта, си викаат ‘‘ќе ти ебам и свадба и музика‘‘, ќе си ги ставам парите у џеп, па ке мислам што ми треба. Ма, удриле сите во орото на оваа вонвременска боженствена комедија од Данте Алигиери. Како и да е,.. народ вика, на крајот ‘‘ тепаниот тепан, ебаниот ебан‘‘! Страшно е нешто друго! Засега сеуште не сме тепани,… ама за ебани,.. не сум сигурен. Секако, фигуративно речено. Таман работа! Јас не се давам! Барем не за второто.

ООО ЏЕМАААТ! О народе о‘ стоко, заедно со све мене де! Ќути и јади ја оваа попара додека имаш барем попара. Од наесен викаат онакво мое ќе јадеш. Сите прогнози се дека следната зима ќе се касаш како гладно куче по улица и ќе го псуеш татко ти што те направил. Завалијата тој, се мачел да те прави а ти го псуеш. А за седумте божји гревови не се секирај. И гревот е за човек. Нема што кој да ти суди. Само Господ / Аллах може да суди. Иако, се гледа дека многу лошо ти се налутил. Затоа и ја јадеш оваа попара. СИКТЕР ДОМА! И пази преку улица да не те згази некој ајван со оние тротинетите што се у мода. Многу буљашка работа се тоа тротинетите!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)