„Падна и последниот бастион“ во Европа: Црна Гора ги регистрираше првите случаи со Ковид-19

12

Во Црна Гора, последната европска земја во која до вчера немаше официјално регистрирано заболени од коронавирусот, потврдени се првите случаи, соопшти премиерот Душко Марковиќ и порача дека нема место за паника.

-Станува збор за две жени, родени 1948 и 1973 година. И двете во претходниот период биле во подрачја погодени од епидемијата – едната во САД, другата во Шпанија, информираше вчера премиерот.