Пад на непознат предмет од небо предизвика експлозија во Загреб, најдени кратер и два падобрани (ВИДЕО)

12

Силна експлозија одекнала во Загреб синоќа околу 23 часот, на која ѝ претходел пад на предмет од воздух, потврди полицијата. На местото на настанот пристигнаа специјална и воена полиција и пожарникари. Засега сѐ уште непознатиот предмет направил кратер, јавува ХРТ.

Пронајдени се и два падобрани. Засега нема информации за повредени, а оштетени се неколку паркирани автомобили. На терен се екипи специјализирани за справување со ваков тип настани и нема причина граѓаните да бидат вознемирени, велат од полицијата. Повеќе информации за настанот ќе бидат познати по завршување на истрагата.

Порталот Индекс наведува, повикувајќи се на добро упатени извори, според досега собраните информации до кои дошле надлежните служби во текот на истрагата, дека на загрепски Јарун паднало беспилотно летало.

Според порталот, со двата падобрани што биле пронајдени не се симнале луѓе.

Во објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи на Хрватска се наведува дека загрепската полиција во четвртокот по 23 часот добила повеќе пријави од граѓани дека почувствувале детонација на поширокото подрачје на Јарун, на која ѝ претходел пад на предмет од воздух