Пазарџиите не отстапуваат, повторно на протест поради цената на паркингот

9

Пазарџиите од „Зелениот пазар“ во Скопје, денеска одново излегоа на протест поради цената на паркингот во близина на пазарот.

Повторно педесетина луѓе ја блокираа улицата „Св. Кирил и Методиј“, со што сообраќајот во центарот на Скопје се одвиваше отежнато утринава.

Пазарџиите протестираат поради високата цена на паркингот, која од неодамна изнесува 70 денари од час. Тие бараат да се врати старата цена која изнесуваше 40 денари од час.