Пак пропадна камион во фонтаната на Плоштад македонија

3

Пак пропадна камион во фонтаната на Плоштадот Макадонија во Скопје. Од утрово, на Плоштадот се поставува бина и шатори за фестивалот на пивото „Пиволенд“ кој го организира Град Скопје. Еден од камионите кој носеше опрема пропадна и фонтаната сега повторно е искршена и оштетена.

Ова е трет пат да пропаѓа камион на Плоштад. Во 2017 пропадна камион додека се подготвуваше пречек на ракометарите на Вардар по освоената шампионска титула.

Лани во март пропадна камион за чистење на плочникот на Комунална хигиена. После тоа, плочникот на фонтаната со месеци стоеше отврорен и заграден со лента за да не минуваат пешаци.