Памела Андерсон се разведе по 12 дена во брак

85

Американската актерка и поранешна ѕвезда на ТВ-серијата Baywatch Памела Андерсон се разведе од петтиот сопруг Џон Питерс, могул во филмската индустрија.

Андерсон стави точка на петтиот брак по само 12 дена поминати во брачна заедница.

Информацијата за петтата свадба на Памела прв ја објави The Hollywood Reporter, пишувајќи дека двојката се венчала на тајна церемонија во Малибу, Калифорнија.

По нецели две недели, стигна веста дека веќе има „проблеми во рајот“.

„Ќе ви бидеме благодарни ако ни оставите простор да размислиме што сакаме од животот и еден од друг. Животот е патување, а љубовта е процес. Имајќи ја оваа универзална вистина на ум, заедно одлучивме да го поништиме венчалниот лист. Ви благодарам што ја почитувате нашата приватност“, стои во изјавата на Памела што ја сподели нејзиниот портпарол.

Педесет и двегодишната Андерсон и 74-годишниот Питерс се венчаа на 20 јануари.

„Таа го знае Џон долго време, но не живеела со него. А додека не почнете да живеете со некого… да речеме само дека Памела го побара разводот. Се враќа во нејзниот стан во Канада за да биде со своето семејство“, рече извор блиску до актерката.

Андерсон и Питерс зад себе имаат по четири брака. Актерката и активистка беше во брак со Томи Ли, Кид Рок и два пати за Рик Саломон.