Пандемијата е само уште еден индикатор за родова нееднаквост: Жените го носат поголемиот товар!

25

Големи се барањата на Црногорките, кои за да ги постигнат своите амбиции мора да вложат многу труд и пожртвуваност од сопственото време, кое доведува до исцрпеност, хроничен замор, анксиозност и депресивни симптоми, вели Д-р Милена Петровиќ.

Во првите месеци од пандемијата во Општата Болница во Цетиње во првите редот на фронтот работела епидемиологот Милена Поповиќ Самарџиќ. Освен уморот, таа дома ги носела и судбините на своите пациенти.

-Пред нашите очи исчезнаа цели семејства поради Ковид. Две години поминаа, а ние бевме сведоци на толку многу заразени, починати и на драматичните судбини. Сето ова е тешко да не се одрази на нашето секојдневие, на нашата достапност до семејството, на нашата психофизичка состојба…И денес после 2 години обемот на работа не се намалува, вели Поповиќ за “Vijesti.me”.

Оливер Лковиќ која е магистер по образовна политика и е наставничка речиси три децении вели дека поради пандемијата нејзиното семејство за многу кратко време морало да се реорганизира.

-Задачите кои ми ги наложува професијата мораше да бидат завршани, а мораше да бидат завршани и домашните задачи, да се подготват децата, да учам со нив, да си играат – и сето тоа во неколку квадрати стан, вели Лековиќ.

Кога олеснувањата стануваат окови

Соговорниците за “Vijesti.me”, а и многуте истражувања спроведени изминативе две години се согласуваат со едно: Пандемијата на Ковид-19 е уште еден показател за нееднаквоста меѓу жените и мажите.

-Студија спроведена во Италија покажа дека пандемијата доведе до зголемено оптоварување, како и во бизнисот, така и во однос на грижата за домаќинството и децата кај жените. Додека пак кај мажите не е забележано зголемено оптоварување кога станува збор за домашните работи. Исто така, повеќе истражувања покажаа дека жените се помалку се задоволни од својата работа за време на пандемијата од мажите, што не беше случај порано, истакнува д-р Милена.

Таа и потсетува дека вработените во здравството немале можност да уживаат бенефиции како платено отсуство поради нега на дете помало од 11 години, кое Црна Гора го има воведено.

-Браковите меѓу здравствени работници не се невообичаени, па затоа цели семејства на здравствени работници беа оставени сами на себе. Не работеа градинките и училиштата, а жените вработени во здравството со продолжени смени останаа невидливи за државата, прецизира епидемиологот.

За време на првиот бран таа била на првата линија на фронтот во Општата болница во Цетиње.

-Со цел да воведат и напишам нови протоколи, да го едуцирам персоналот, да одговорам на зголемиот обем на работа во првите месеци од пандемијата се враќав дома секоја вечер помеѓу 22 и 23 часот и повторно заминувам во раните утрински часови. Ми беше важно барем да спијам дома. И денес обемот на работа не се намалува. Исклучително е тешко да се исполнат сите барања на работа кои се целодневни, па сега ги имам и училишните обврски. Нашите деца растат покрај своите родители но се и многу често оставени сами на себе. Морам да признаам дека досега не сме имале ниту еден слободен викенд, ниту еден ден во кој можам да го исклучам телефонот и да се посветам на семејството, истакнува Поповиќ.

Најтешкото, вели таа, е тоа што дома ги носи сведоштвата за човековите судбини.

-За време на мојата работа бев сведок на ситуации во кои ги оставивме самохраните мајки целосно сами, без поддршка од нивните семејства, како општество за време на карантин или изолација. Сведоци сме на тешки ситуации, кога децата биле изолирани поради контакт со позитивен случај во градинка, но самохраните мајки го немале луксузот да отсуствуваат од работа, па дури и биле уценувани дека нивните договори за работа нема да бидат продолжени. Нема кој да им даде храна на самохраните мајки кои се затворени дома со децата, додава Поповиќ.

Кога се самохраните мајки во прашање слична е ситуацијата и со другите балкански земји. Како што објавиле медиумите во Македонија, иако била планирана и парична помош, сепак при аплицирањето се појави значајна пречка за тоа кои самохрани родители се признаени како такви.

Претседателката на невладината организација Една може, Дороти Пачкова ја обвини државата дека и покрај повиците и барањата сепак се уште не се прави Регистер на самохрани родители. Аплицирањето се уште се прави рачно.

Подвиг е да се оддржи онлајн час покрај се друго што се очекува од жена

Слична беше ситуацијата и во образованието, кое според податоците на Монстат од 2018 година е претежно женска струка – повеќе од три четвртини од вработените во оваа област се жени.

Наставничката Оливера Лековиќ вели дека повеќето мајки кои работат постојано се трудат професионално да ја завршат својата работа и да го одвојат приватното од бизнисот.

-Исто така, времето поминато со децата, колку и тоа да трае, треба да се помине квалитетно. Со појавата на Ковид-19 и мерките наметнати од овој вирус, многу принципи се нарушени особено кога се затворија градинките и училиштата. За кратко време семејството требаше да се реорганизира. Да се завршат професионалните и домашните задачи, да се учи со децата, да се игра со нив и слично – и се тоа дома, во неколку квадрати, вели Лековиќ.

Таа наведува дека мора да бидеме реални и препознаени – во нашето оштество, во значително голем процент, товарот за организирање на хармоничното функционирање на семејството го носат жените, особено оние кои се во улога на сопруги и мајки.

-Оваа улога отсекогаш ја играле жените во нашиот регион, а дополнително се усложнува со појавата на коронавирусот. А само замислете ги проблемите на самохраните родители каде покрај сите обврски го имаа и дополнителниот страв да не се разболат бидејќи тогаш ќе немаат кој да се грижи за детето, вели Лековиќ.

Според неа, кога станува збор за образованието, односно наставниците, бидејќи бројот на вработени жени во оваа сфера е значително поголем (76,6 отсто) на многумина им е тешко да замислат како да оддржат онлајн час кога се опкружени со членови на семејството кои имаат разни потреби и желби.

-Како покрај сите обврски кои жените ги имаат во семејната средина, да се подготвите и да оддржите олајн час кој ќе биде интересен за сите ученици? Навистина беше потребно многу вештина и енергија. Покрај горенаведеното, беше уште потешко кога некој од членовите на семејството беше болен, па покрај сегашната вознемиреност беше неопходно да се одвои време и за негова грижа и да се најдат начини да се заштитат другите членови на семејството. Проблемот во нашата професија е што самите обезбедуваме компјутеркса опрема и интернет. Честопати семејствата на наставниците немаат компјутер или имаат само еден, а во исто време тој еден е потребен за да се следи часот но и за да се предава, објаснува Лековиќ.

Таа и смета дека е особено поразително што наставниците немаат конкретна поддршка од ресорното Министерство веќе 2 година по ред.

Многу наставници кои одработија часови над нормалата се уште немаат земено плата. Не им се платени и часовите што ги подготвиле и запишале за проектот Учи Дома – не е ни платено животно осигурување, скромни плати, неплатен превоз со децении, боледувања без замени и слично. Голем број наставници се на позајмица, многумина живеат како кираџии со децении, нивното здравје опаѓа и ги губат битките со оваа болест. Покрај сите несреќи што секојдневно ни се случуваат, добиваме само нови барања и критики. Никој од претпоставените не нашол за потребно да направи пакет за помош на семејствата на наставниците кои се во незавидна положба. Како општество, неопходно е да бидеме свесни за повеќекратната улога и важност на образованието и да не ја занемериме важноста од зајакнување на наставниците со образование, заклучува таа.

Исцрпеност, хроничен замор, анксиозност…

Д-р Петровиќ нагласи дека црногорското општество се уште во голема мера ја негува традиционалната поделба на улогите во која се очекува жените да вршат најголем дел од работата поврзана со домаќинството, воспитувањето и образованието на децата, а во исто време да бидат професионални и ефикасни на работа.

-Ако се земе во предвид дека училиштата и градинките не работеа, значителен дел од времето од почетокот на пандемијата а и сега се работи со скратени часови тогаш се остава голем товар на родителите, особено на жените. Па така една жена во Црна Гора се соочува со големи барања и дневни обврски за кои мора да вложи многу труд и многу време кое доведува до исрпеност, хроничен замор, анксиозност и депресивни симптоми, вели Петровиќ.

Според неа, во однос на стравот од тоа дали ќе го донесат коронавирусот дома од работа нема разлика меѓу жените и мажите.

Овој текст е изработен како заеднички проект помеѓу Vijesti.me од Црна Гора и весникот “Коха” од Македонија