Папата Франциско: Бог и понатаму нè сака, дури и најлошите меѓу нас

3

Папата Франциско на Бадниковата вечер ги повика 1,3 милијарди римокатолици да не дозволат пропустите на црквата да ги одвратат од прифаќањето на божјата љубов.

Папата служеше вечерна миса на Бадниковата вечер во базиликата св. Петар во Ватикан. Фокусот на проповедта, како и обично, го стави на духовното и личното значење на ноќта во која Исус е роден во Витлеем.

„Божиќ нè потсетува дека Бог и понатаму нè сака, дури и најлошите меѓу нас“, рече тој. „Може да имате погрешни идеи, можеби сè сте уништиле, но Бог и понатаму ве сака. Честопати мислиме дека Бог е добар ако ние сме добри и дека не казнува ако сме злобни. Но, тој не е таков“.

„Да размислиме за Детето и да не обземе неговата нежна љубов. Тогаш веќе нема да имаме изговори да не му дозволиме да нè сака“, рече тој.

„Што и да тргне наопаку во нашите животи, што и да не функционира во црквата, какви и проблеми да има во светот, тоа веќе нема да биде изговор. Тоа ќе стане второстепено бидејќи пред преголемата Исусова љубов, чиста со благост и блискост, веќе нема да имаме изговори“, додаде тој.

Папата во среда на Божиќ ќе испрати порака и благослов Урби ет Орби (Порака до градот и светот) од балконот на базиликата Св. Петра.