Партизација на судбината

80

Ова не е депресија. Не е пропаганда. Не е пцуење по државата. Нека ме демантира некој дека ова не е сурова реалност. Не е поттикнување омраза.  Не е ‘’палење народ’’. Не е плукање по никого. Ова се само најобични прашања на кое тврдам дека девеесет посто од народот нема три чисти и троа простаклак да одговори со – ‘’жими такво’’! 

Од Агим ЈОНУЗ
Кога едно дете се раѓа, се раѓа чисто пред господ, народот, уставот и законите на Македонија. Тоа појма нема кој е Али Ахмети, Мицко, Грицко и компанија. Тоа не знае како неговите татко и мајка заработуваат пари за да му купат млеко и пелени. Не знае што е тоа држава која е се само не држава. Тоа треба да расте безгрижно, да не го интересира ништо освен играта, школото и детството. Арно ама, нашите деца растат во амбиент на апсолутно исполитизирана држава во сите свери на постоењето. Децата на најмала возраст се под убитачното бомбардирање на медиумите, под перманентна пропаганда на политиката која во Македонија е и мајка и татко на секојдневието. Но и гробарот. Со текот на времето, децата доаѓаат во конфликт со логиката која вели дека некаде надвор поинаку нештата функционираат, дека креативноста, способноста, знаењето и елоквентноста се пред секаков вид на политика. Дека светот живее, дека младите имаат еднакви шанси, дека иднината може да се сонува и планира, дека светот не е црно бел туку има иљадници бои. Во пубертетот децата се среќаваат со првите удари. Децата на оние кои се партиски ‘‘ ничиви‘‘ се во еден латентен хендикеп поради тоа што се што се организира во општеството е поделено по бенефитите на партиските припадности. Комплетната стварност во Македонија е поделена во интересни зони и зони на моќта на политичките партии. Не постои дефиниција ‘‘ општо добро‘‘. Заедничко добро. За сите нас. Постои само една страшна трагикомедија во која интересите на граѓанинот се канализирани наопачки, контра сите логики на здравата држава која по правило треба да вели ‘‘ за мене сите граѓани се исти‘‘. Е, не се! За тебе се исти само оние припадници чија актуелна политика води партија на власт.
Велат, судбината сами си ја градиме. Дали е така. Мислам дека не  е. Судбината ни ја крои некој чобан што држи печат и потпис во некоја канцеларија. Како поинаку да коментираме ако земеме во предвид дека еден млад човек кој инвестирал во себе, во наука, во способности доаѓа во ситуација неговата судбина пред портата на иднината да ја крои некој кој не заслужува ниту шофер да му биде на тој млад човек. Во Македонија не постои механизам кој го дефинира феноменот на ‘‘јавно добро‘‘ затоа што другиот феномен што се вика ‘‘ партиско добро‘‘ е првиот и последен модел по кој што функционираат нештата во стварноста. Институциите на системот со својата инфраструктура ги следат исклучиво интересите на партијата која е ‘‘на шалтер‘‘. Никој не е заинтересиран за принципот на владеење на квалитетот, писменоста, способноста и елоквентноста. Влаее ‘‘партиска мафија‘‘ секаде, во сите пори, во сите институции на системот. Државата, нејзините интереси, иднината и се останато е ставено на “stand by” зад завесите на приказната дека сме во некакви прогреси кон патот што се вика Европа, што се вика ‘‘ влез во земја Утопија‘‘. Во меѓувреме, генерации и генерации се во очај, искомплексиран пред нивните врсници на современиот свет. Каква судбина ги чека во Македонија. Партизирана. Да! Ако земеме во предвид дека поставеноста на системот подразбира дека мора да си член на некаква партија за да видиш било каков бенефит во оваа држава, за да можеш воопшто да функционираш, да создаваш, да креираш и да планираш живот. Да повториме, велат дека судбината сами си ја кроиме.  Ок! Доаѓаме до клуичниот збор. Судбина. Како да кроиш сам своја судбина во Македонија. Судбина ни била на нас постарите да бидеме овде и да останеме затоа што немаме друг избор а и стари сме, ама на младите тоа не им паѓа на памет. Младите реално сакаат да си кројат сами своја судбина. А не да имаат партизирана судбина. Затоа бегаат. Разочарани тотално, очајни, со скршена младост бегаат по свет. Многу родители остануваат без насмевката на оние за кои сонувале дека утре како некакви доктори, инжињери и високи интелектуалци ке се гордеаат крај себе. Многу домови доживуваат трагедии. Многу домови остануваат празни. А, државата што прави? Ништо! Ама, баш ништо! Животот станува неподнослив под сонцето на Македонија. Државата чекори кон Европа! Чекори ‘‘онакво мое‘‘! Државата ги убива своите чеда. Државата ги брка своите чеда. А каков морал, каква љубов кон државата да негуваат родителите, каква лојалност, какво разбирање? Кога државата ти го брка најмилото. Да, пред неколку години јас напишав колумна која се викаше ‘‘ Кога државата ти го брка најмилото‘‘! Затоа, во продолжение ке цитирам извадоци од таа колумна која одсликува нај реална состојба што се случува на улица. Трагедија. Цитирам во продолжетокот:…

…. Велат, машката солза е тешка како камен. Таква беше и солзата на Џемо другар ми додека го праќавме неговиот син единец во странство. Го придружував на автобуска станица додека со еден кофер и ранче на рамо син му со црвени очи како бајрак му рече ‘’не се враќам више’’. Тажна атмосфера. Син единец. Џемо се држеше машки ама откога тргна аутобусот Џемо (мажиште) рикаше како ранет лав и солзите сами му се тркалаа. Вели, единственото пиле во гнездото ми одлета. Го хранев и растев со него заедно, му дадов школо, воспитување, факултет, чесност, образ, љубов, нега, надеж, … Во него гледав иднина, се замислував себе си како шетам со внуци по градски парк како татко на академски граѓанин.  Го гледав него како претседател на држава. Како иднина не само моја, туку и фамилијарна, маалска, државна,… Го гледав како сонцето на бајракот. Тој беше мојот бајрак. . Како …. мое се!
И, знаеш што ми рече кога ми соопшти дека бега надвор? Вели, тате,… ете, завршив факултет. Нема пари, нема работа, нема иднина. Политичарите ја шутираат судбината на државата како издишена гумена топка. Велиш, ке ме вработш ти, имаш пријатели! Не, тате, ти не си партиски определен, а и да си, не му ‘’пушиш’’ ( да простите) никому. Кого ке молиш? Некој чобан вчера дојден од планина за да ме вработи мене сто пати по писмен со генерациска традиција во градов? Ке мољакаш по чобаништа, лоповишта, мафијаши, неписмени машносани делегирани креатори на моето секојдневие кои не знаат нос да избришат? Ќе чекам работа од завод за вработување? Ќе планирам фамилија? Како?! Ќе одам на митинзи да врискам за преродбата на Македонија која ја водат предавници на човечкиот род, а не на државата? Не, тате, ова овде е лага која ја жвееме и уште долго ке ја живееме. Ова е проклетија. Ова е лош сон! Ова мора еднаш да се пресече. Нека ми биде господ на помош, ке гледам и тебе и мама да ве повлечам со мене.
Ми изнакажа Џемо многу работи за кои не сакам да ги елаборирам. Болат многу. Болат до коска! Болат затоа што се сурово вистинити. Една работа не може да не ја споделам, затоа што стопроцентно се согласувам и ги пренесувам како мои сопствени. Затоа, читајте ги како зборови на авторот на колумната. Стојам зад тие зборови. Држава која ти брка најмило, е во сериозна опасност. Во длабоки гомна е мултикомплекс. Држава што се ждере самата себе си, па и нека се иждере. Ама, ждере човечки судбини. Не те родила таа! Те создал бог и те родила мајка. А ти си и се оддолжил на сите начини, добивајки карта за еден правец за своето најмило. Држава која сее отров, жнее јад! Си копа гроб! Држава која од најлојални елементи создава очајни губитници, нека размисли што создава. Држава, која треба да се праша многу нешта. Самата себе си, си сите свои ‘’сопственици’’, со сите свои креатори на ‘’светлата иднина’’, со сите свои преродбеници со преполни џебови, мислители, експерти, патриоти, идиоти, лигуши, пушачи, куртони, сељачишта неизживеани, со сите искомплексирани мајмуни кои од државата ‘’у име народа’’ мајка му ебаа на оној пред самопослуга, кој купил утринава леб, за да направи сендвичи за по пат на своето … најмило! Сендвичи натопени со солзи за најмилото кое купило билет во еден правец.
Ова не е депресија. Не е пропаганда. Не е пцуење по државата. Нека ме демантира некој дека ова не е сурова реалност. Не е поттикнување омраза.  Не е ‘’палење народ’’. Не е плукање по никого. Ова се само најобични прашања на кое тврдам дека девеесет посто од народот нема три чисти и троа простаклак да одговори со – ‘’жими такво’’!  Ај, само ќутете си и откако ке ме етикетирате за простак што го спомнувам таквото, самите на себе одговорете си да не чуе никој. Уште им верувате на луѓето? На суд? На институција? На политичар? На комшијата? Во доброто? Во искреноста? Во чесноста? Во блиска подобра иднина? Не верувате дека ке има повторно некоја ‘’тарапаана’’ на Балканот? Среќни сте? Задоволни? Не сакате да побегнете некаде далеку во подобар живот? Имаме квалитетна демократија? Имаме социјална држава? Имаме перспектива овакви какви што сме си? Независни медиуми? Се покривате со платата до први? Им верувате на поповите и на оџите? Имате каде да позајмите кога ке посакате 100 Евра? Можете да се храните по ресторани наместо да џвакате кифла или бурек за пауза? Можете преку викенд да ставите деца, жена куче, маче и да одите на ручек вон градот? Верувате дека скоро ке влеземе у Европа? Можете да испланирате подолго од 24 часа нешто сигурно?  Дали постоите онакви какви што би сакале да постоите во своето секојдневие? Не!
Сите сме загледани во сопственото огледало. Тоа што го гледаме во секојдневието сме ние самите. Ние го креираме. Кога се гледаш у огледало и приметуваш дека имаш бубуљица, и ставаш крема, кога имаш црнка ја стискаш, ако си неизбричен и никаков, се бричиш. Ако ти е по дома несредено и расфрлано, забришуваш и зачистуваш. Ако ти се фармерките скинати, ги крпиш. Живееш во општество и секојдневие кое ти сам го креираш. Имаш бајрак каков што го црташ. Имаш комшиски односи какви што си ги креираш. Имаш се,.. ама немаш ништо! ИМАШ САМО ИЛУЗИЈА!!! А, знаеш зошто? Затоа што си морон, затоа што си мизерија, затоа што си беда, затоа што си толку способен. Не заслужуваш повеќе! РАЗБУДИ СЕ ДРЖАВО ИЛИ ЦРКНИ!… ‘’ЏА ИЛИ БУ’’,.. зошто и мене ако ме истераш, бумерангот ке ти ебе се живо еден ден! Се колнам во она најмилото со билетот во рака,.. а во еден правец!!!!
Затворен цитат од колумната ‘‘Кога државата ти го брка најмилото‘‘…
ООО ЏЕМААТ!… Одиш во џамија/црква и му се молиш на Аллах/ Бог со апсолутен респект, но тој ти дава само моментален мир. Дури и божјите зборови се косат во стварноста со партиските ставови, со политиката и со оваа багра! Аллах рекол помогни си сам за да ти помогнам и јас, судбината ти е онаква каква што сам ке ја кроиш и креираш. А тебе, на обичниот смртник на кого Аллах му запишал судбина, партиите, нивните лидери, разни чобани и мафијаши на тој Аллахов тефтер прават ‘‘пиши-бриши‘‘. Се додека живееш на овој начин, се додека си во оваква Македонија, ти ќе имаш ‘‘партизирана судбина‘‘, затоа што секој чекор што ке сакаш да го направиш треба да биде парафиран од некој политичар. Земи абдест (припрема за молитва/ намаз) и дај неколку “EL Fatiha” молитви. А после џамија/црква  не заборавај да одиш во партискиот штаб и да прашаш што треба да правиш. Каде ке ти оди душата, кога имаш два господа. Еден во џамија/ црква, друг во партија. “Tobe Ya Rabbi” ( прости ми боже).
СИКТЕР ДОМА!!!! МИ СЕ ПЛАЧЕ ОД ТВОЕТО ЛИЦЕМЕРИЕ ООО ЏЕМААТ!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)