Партијата на Слави Трифонов го освои својот прв градоначалник во Бугарија

9

На изборите за градоначалник на југозападниот бугарски град Благоевград, претставникот на партијата на Слави Трифонов – „Има таков народ” победи во трката со претставникот на бугарските социјалисти Румен Томов, јави дописникот на МИА од Софија.

За Илко Стојанов гласале 28,46 отсто од избирачите. Одѕивот во општината Благоевград во вториот круг остана мал – 28,46 отсто, или 18,645 гласови, објави општинската изборна комисија. Тоа е 0,7 проценти или околу 500 гласа повеќе од првиот круг минатата недела.