Пациент со Covid-19 му ја отстапил својата квота кислород на синот и починал

100

Пациент заболен од Covid-19 во Украина ja отстапил својата ограниченa квота на кислородна поддршка во полза на синот, исто така, заразен со коронавирусот, по што починал, а за трагедијата информираше преку социјалните мрежи една волонтерка која им помага на хоспитализираните пациенти.

Волонтерката Дана Јароваја објави дека болниците во Киевската област немаа доволно кислородни концентратори за пациентите со Covid-19. Поради тоа, на пациентите со тешка форма на болеста им е ограничено да дишат кислород 15 минути во денот.

Таа додава дека не ѝ е познато дали синот на починатиот во вторникот продолжува да го добива „татковото следување“ од кислород.

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот Украина вкупно потврдила 536.857 случаи на заразата, од кои 10.681 случај во текот на средата, досега оздравеле 241.444 пациенти, а евидентирани се 9.603 смртни случаи поврзани со Covid-19.