Паѓа бројот новозаразени во Хрватска, но бројот на починати е висок

0

Во последните 24 часа во хрватска забележани се 5.795 новозаразени, а бројот на активни изнесува 32.170, објави кризниот штаб.

Од нив 1.966 пациенти се на болничко леклување, а 140 на респиратор.

Починаа уште 48 пациенти или вкупно досега 14.632 жртви на пандемијата.

До денеска во Хрватска од Ковид-19 заболеле 1.027.572 лица.

Вакцинирани се 56,74 отсто од вкупното население.