Пеканов: Не е вистина дека ЕУ ќе ни ги блокира средствата поради Македонија

4

Бугарскиот вицепремиер за управување со европските фондови, Атанас Пеканов, категорично ги отфрли тврдењата дека Европската комисија може да ги блокира средствата предвидени со „Планот за закрепнување и одржливост“, поради ветото врз Македонија.

„Ова се шпекулации. Не би рекол дека има таква поврзаност“, изјави Пеканов прашан дали поради оваа причина Европската комисија има 43 забелешки за „Планот за закрепнување и одржливост“.

Според овој план, Бугарија треба да добие 12,9 милијарди лева до 2026 година. Во последните неколку недели се појавија публикации со анонимни извори дека овие средства ќе бидат блокирани додека Бугарија не ја укине блокадата за почеток на преговори за членство на Севернан Македонија во ЕУ.

Вчера при собраниската блиц-контрола стана јасно дека две од забелешките се поврзани со енергетиката и владеењето на правото. Пеканов појасни дека во областа на владеењето на правото, контролата мора да биде зајакната. Тој додаде дека не е загрижен за прашањата што ги покренува Брисел.