Пендаровски му го врачи мандадот на Спасовски

10

Претседателот на државата Стево Пендаровски му го врачи мандадот на Оливер Спасовски кој ќе ја обавува функцијата технички премиер која треба да ги спроведе изборите закажани на 12 април.

Врз основа на член 84 од Уставот и Законот за Влада, предлогот на најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство за мандатар за состав на преодната влада за спроведување избори за пратеници го определувам Оливер Спасовски, изјави Пендаровски на настанот што се одржа во „Вила Водно“.
Задача на новата влада ќе биде да направиме се државата да продолжи со напредокот, да имаме фер демократски избори и да овозможиме слободно граѓаните да донесат одлука, меѓутиоа сите институци да продолжат понатаму со истат динамика како што работеа и досега се со цел да има развој и просперитет за иднината на оваа држава, рече Спасовски.