Пендаровски: Предлагаме прогласување на кризна состојба на целата територија

28

Претседателото Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот за безбедност, каде што се расправаше за состојбата со корона вирусот, истакна дека е донесен заклучок да се предложи прогласување на кризна состојба.

-Министерот Филипче информираше за болничките капацитети и за реорганизација на кадарот за прием на заразени пациенти. Ситуацијата е исклучително сериозна. Во таа смисла, по исцрпна дискусија донесовме заклучок да се продложи прогласување на кризна состојба на цела територија на Македонија во тек од 30 дена, рече претседателот Пендаровски.

Тој додаде дека кризната состојба е сосема поинаква од полициски час.