Персоналот од Охридска трансфузиологија е негативен на Ковид 19

Персоналот од Охридска трансфузиологија е негативен на Ковид 19. На една од вработените кај која првиот тест покажа позитивни индиции за заболувањето направени и се уште три теста и резултат е негативен.

19

Негативни се и резултатите на останатите вработени од медицинскиот тим. Од Центарот за јавно здравје информираат дека одделот ќе започне со работа во понеделник.

Инаку Одделението за трансфузилогија беше затворено пред речиси три недели затоа што вработените биле во контакт со прво заболеното лице од коронавирус во Охрид кој на средината на март правел тромбо тест не почитувајќи ги укажувањата за претпазливост иако е повратник од Италија кој таму се заразил со Ковид 19.

Согласно протоколите целиот персонал од одделението беше испратен во домашна самоизолација.