Песков: Русија ќе ги продлабочи односите со Северна Кореја во сите сфери

1

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одговарајќи на новинарско прашање посочи дека Москва планира да ги продлабочи односите со Северна Кореја.

– Северна Кореја е наш сосед и ние продолжуваме да развиваме блиски односи во сите сфери, посочи Песков.

Неговата изјава уследи откако Јужна Кореја, Јапонија и САД вчера ја осудија Северна Кореја поради, како што тврдат, ја снабдува Русија со оружје и муниција.

– Нагласуваме дека снабдувањето со оружје на и Северна Кореја … претставува кршење на неколку резолуции на Советот за безбедност на ОН, се истакнува во вчерашната заедничката изјава на Јужна Кореја, Јапонија и САД.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун минатиот месец во Москва се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. На средбата се разговараше за одбраната, војната во Украина и евентуална помош од Русија за севернокорејската сателитската програма.

Русија и Северна Кореја, кои се историски сојузници, се под меѓународни санкции.