Песната „Цесарица“ го одбележала детството на Колинда, еве како Милановиќ и возврати (ВИДЕО)

5

Омилена песна на Колинда, која го одбележала нејзиното детство е песната „Цесарица“, по што Милановиќ ја погледна и брзо констатираше дека претседателката во времето на објавата на најпознатата нумера на Оливер Драгојевиќ имала 30 години.

Во студиото на хрватската Нова ТВ, хрватските кандиднати за претседател, Зоран Милановиќ и Колинда Грабар – Китаровиќ за последен пат се обидоа да ги освојат гласовите пред утрешните избори во Хрватска.

Новинарите ги прашуваа кадндиднатите како се опуштаат од стресот, кои се нивни омилени филмови, дали пијат кафе или чај, да ги кажат омилените песни од детството.

Омилена песна на Колинда, која го одбележала нејзиното детство е песната „Цесарица“, рече Колинда, по што Милановиќ брзо констатираше дека претседателката во времето на објавата на најпознатата песна на Оливер Драгојевиќ имала 30 години. А триесеттите години несомнено не влегуваат во рано детство.

На полноќ истече и рокот за собирање донации. Според извештаите, во тоа поуспешна е Грабар-Китаровиќ, која до 27 декември од донатори доби 2,3 милиони куни (околу 308.000 евра), додека Милановиќ собра 813.000 куни (околу 110.000 евра).

Според последната изборна анкета, објавена синоќа во Дневникот на Нова ТВ, 45 проценти од испитаниците планираат да гласаат за Зоран Милановиќ, а 42 проценти за Колинда Грабар-Китаровиќ.

Покрај Хрватска, на изборите ќе гласаат уште 47 земји, при што првите избирачки места се отвораат во Австралија во сабота вечер, по средно европско време.