Петар Грашо ќе стане татко, го очекува првото дете со Хана

17

Петар Грашо и Хана Хуљиќ ќе запливаат во родителските води.

Идната мајка ја потврдила среќната вест за „Јутарњи лист“: „Информацијата е точна, среќни сме и возбудени, но ништо друго не би коментирала, би сакала некои работи да останат наша приватност“.

Хрватските медиуми откриваат дека Хана е во 12-та недела од бременоста и дека ќе се породи налето.

45-годишниот пејач и 31-годишната музичарка и артистка се едни од најпопуларните парови на хрватската сцена во моментов и привлекуваат огромен интерес иако се заедно само неколку месеци.

Нивното долгогодишно познанство премина во романса кратко време откако Петар ја прекина 24-годишната врска со Данијела Мартиновиќ.