Петков по средбата со Вархеји: Бугарија има поддршка од ЕУ за новиот пристап кон Скопје

3

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска се сретнал со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји, со кого, како што соопшти владината прес-служба, разговарале за ситуацијата околу војната во Украина и нејзините ефекти врз земјите од регионот.

Петков го информирал еврокомесарот Вархеји и за резултатите од средбата на лидерите на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа, што се одржа во понеделникот во Софија на иницијатива на бугарскиот премиер.

Петков и Вархеји разговарале и за билатералните разговори со Македонија.

„Во разговорите бугарската Влада ги брани позициите на Бугарија и за првпат има сериозна поддршка во Европска Унија за новиот пристап кон Скопје“, изјавил Петков.