Петмина загинати во експлозија во фабрика за огномет во Сицилија (ВИДЕО)

13

Пет лица загинаа, а две се тешко повредени во експлозија во фабрика за петарди и огномет во средата попладне во Сицилија.

Меѓу жртвите е и 71-годишната сопруга на сопственикот на малата семејна фабрика во гратчето Барселона Поцо ди Гото, лоцирано на 25 километри од Месина. Нејзиниот син, кој сакал да ја спаси мајка си, е тешко повреден и заврши во болница.

https://www.youtube.com/watch?v=JlmiOrw-R7k&feature=emb_title

Според првичните информации, експлозијата била предизвикана од работници кои во магацинот невнимателно ракувале со апарат за заварување.

Во слични мали фабрики ширум Италија од 2000 година 68 лица ги загубиле животите.