Петровска: Несогласувањата со Чулев скоро се надминати, ама кривичната останува

10

Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи. Славјанка Петровска. денеска изјави дека односите со техничкиот министер Наќе Чулев и е коректен, што, како што рече, е во интерес на граѓаните. Според неа, најголем дел од несогласувањата се надминати, но сепак таа останува на ставот дека ќе поднесе кривична пријава.

Во однос на предлогот на Чулев, Ристе Ставревски да биде началник на СВР Скопје, Петровска вели дека треба да се има предвид дека во 2016 година имало слични ситуации на несогласување на техничкиот министер со дополнителниот заменик-министер кои во различни судски постапки завршиле различно.

-Останувам на принципиелниот став дека лице, не е битно кое, што е вмешано или на било каков начин во минатото учествувало во вршење изборни притисоци, не треба да биде на една од челните позиции. Но на крајот на денот, секој носи политичка одговорност за кадрите кои ги предлага – рече на прес-конференцијата во Владата, дополнителната заменик-министерка Петровска.