Пет природни сокови кои ги решаваат проблемите со дигестивниот систем

3

Еден од најчестите проблеми со дигестивниот систем е затворот кој предизвикува непријатност.

За да се решите од овој проблем, секогаш е добро да посегнете по намирници од природата кои докажано помагаат во решавање на затворот и ја регулираат исхраната, а соковите се брзо и ефективно решение, пишува Klix.ba.

На прво место е сокот од сливи. Потопете ги сливите во вода и оставете ги да отстојат преку ноќ, па изедете ги наутро и испијте го сокот. Доколку не е сезона на сливи, консумирајте сушени сливи. Влакната кои се содржат во сливите се ефикасни во борбата против затвор.

Сокот од ананас ќе ве ослободи од проблемите со грчеви во стомакот и ќе ја намали подуеноста. Ананасот е богат со влакна кои ќе го решат наведениот проблем.

По ананасот следува лимонадата. Пијте половина лимон во чаша со млака вода најмалку еднаш дневно по оброкот и затворот ќе исчезне. Научниците велат дека лимонот го збогатува организмот со витамин Ц.

Покрај лимонадата, на менито додајте го и сокот од портокал. Содржината на портокалот ќе ги стимулира цревата да ги исфрлаат непотребните состојки.

Сокот од круша кој е богат со витамини, влакна и сорбитол исто така помага на дигестивниот систем.