Пике со објава само неколку минути по крајот на „Ел Класико, агентот на Бензема му одговори (ФОТО)

0

Жерард Пике кратко по победата на Барселона од 0-4 против Реал Мадрид се огласи на социјалните мрежи и порача дека се вратиле, но веднаш доби зајадлив коментар од агентот на Карим Бензема.

„Каталонците“ имаат турбулентна сезона, се почна со одлуката да не му биде продолжен договорот на Лео Меси и Аргентинецот да го напушти клубот. Потоа следеше резултатска криза и отказ на Роналд Куман. Чави го превзеде кормилото но и тој се мачеше и Барселона за прв пат по повеќе од 20 година беше елиминирана уште во групната фаза од Лигата на шампиони.

Сепак, Чави полека почна да го склопува коцките, во јануари пристигнаа неколку засилувања и Барселона синоќа го имаше најдобриот натпревар оваа сезона, го понижи Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу и со 0-4 триумфираше на „Ел Класико“.

По последниот свиреж на судијата, Жерард Пике и соиграчите се упатија кон навивачите на Барселона да ја прослават големата победата, и откако дефанзивецот се упати во соблекувалната, му требаа само неколку минути за да се огласи со објава на социјалните мрежи.

„Се вративме“ – напаиша Жерард Пике на Твитер во 22:56 часот.

На објавата одговори агентот на Карим Бензема, кој испрати зајадлив коментар поврзан со постот на Жерард Пике од пред пет години, кога порача дека Нејмар останува на Камп Ноу, за Бразилецот само неколку дена подоцна да си замине.

„Ја имаме насловната страна на утрешното издание на „Спорт“. Да се надеваме дека овој пат нема да погрешиш…“ – напиша Карим Џазири.