Пике ќе се бори за претседателската позиција во Барселона!?

23

Шпанските медиуми пишуваат дека дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике решил да се кандидира за претседател на каталонскиот гигант.

Пике во моментов е на рехабилитација од повредата на коленото која ја заработи против Атлетико Мадрид. Тој одби операција и затоа го чека подолга пауза.

Самиот Пике смета дека клубот за во иднина е добро покриен на стоперската позиција. Во моментов него го менува младиот Роналд Араухо, а Барселона има намера да го доведе и Ерик Гарсија од Манчестер Сити.

Дури и да ја продолжи кариерата Пике има намера да се кандидира на изборите кои се на распоред на 24 јануари. Тој од клубот веќе побарал да се промени статутот за на активните играчи да им се дозволи да поднесат кандидатура за претседател.