Пирло по шокантната елиминација од Порто говореше и за своето заминување: Во клубот сум повикан поради…

8

Јувентус не е ни бледа сенка од тимот кој минатите години беше неприкосновен во Серија А, а стигнуваше далеку и во Лигата на шампионите.

Клубот од Торино игра доста слабо, а вчерашната елиминација од Порто беше доказ дека Јувентус се уште не е стигнат на посакуваното ниво.

Многумина прстот го вперуваат во Андреа Пирло, стратегот за кого ова е прво вакво искуство во кариерата и кој очигледно има огромни потешкотии на стартот. Токму поради фактот што Пирло е посочен како главен виновник веднаш се појавија муабети дека тој би можел да си оди од клубот.

По натпреварот со Порто, младиот тренер беше запрашан за својата иднина и дали размислува да си даде оставка, на што тој одговори:

– Повикан сум во Јувентус за да започнеме нов проект за во иднина, што ќе трае неколку години. Продолжувам со работа. Ќе ни требаат неколку денови да го „свариме“ овој натпревар, но после тоа мора на секој натпревар да влегуваме со вистински став. Март е и имаме време да се искачиме на табелата во Серија А, -изјави Андреа Пирло.

Маурисио Сари минатата година доби отказ од клубот поради лошите настапи во Лигата на шампионите иако клубот го освои Скудетото со само еден бод пред Интер.