Побегнала од Кина во САД за да ги открие тајните за потеклото на короната

79

Младата кинеска докторка Ли Менг Јан побегнала од родната земја под закана дека ќе ѝ се изгуби секаква трага доколку му открие на светот дека Ковид-19 е создаден во кинеска воена лабораторија.

Д-р Јан (36), чие семејство и пријатели биле испитувани и добивале закани од функционерите на Комунистичката партија откако ја напуштила татковината во април, стана свиркач за коронавирусот во САД, каде што крие каде престојува, за да не ја пронајдат кинеските власти.

Според „Дејли меил“, таа во декември работела како виролог во лабораторијата на Универзитетот во Хонгконг, инаку центар за истражување на заразни болести на Светската здравствена организација.

Нејзиниот шеф, професорот Лео Пун, побарал од неа да испита мистериозен склоп на случаи на вируси, слични на САРС во кинескиот град Вухан. Овој професор бил еден од научниците кои се занимавале со идентификација на геномската секвенца на епидемијата САРС од 2003 година.

Она што го откри д-р Јан ќе биде игнорирано и дополнително потиснувано од режимот на Пекинг и неговите медицински експерти.

Им велеле на луѓето да не се грижат

Уште на почетокот на јануари, докторката, проучувајќи семејни кластери, дознала дека меѓу случаите во Вухан вирусот се пренесува од човек на човек и дека други научници во Кина го секвенцирале геномот „ковид-19“.

Таа веќе тогаш знаела дека Вухан има повеќе случаи отколку што пријавила кинеската влада и не поверувала во тврдењата на Пекинг дека вирусот пристигнал од пазарот на морска храна, верувајќи дека станува збор за намерна лага.

„Тие не сакаа јавна дебата за вирусот. Им велеа на луѓето да не се грижат“, вели д-р Јан.

Таа не била единствена меѓу лекарите кои сакаа на светот да му ја кажат вистината за коронавирусот.

Осум експерти беа уапсени на 23 јануари заради предупредување за короната на социјалните мрежи.

Кинеските власти го нарекоа овој чин „ширење измама“, а потоа на 7 февруари почина еден од нив, д-р Ли Венлианг.

Во текот на февруари, чувството дека целата планета треба да биде алармирана ја обзема оваа млада докторка, бидејќи вирусот почна да се шири низ целиот свет.

Бидејќи бројот на смртни случаи почна да се зголемува нагло, кинеската докторка сфатила дека има сознанија за глобалната катастрофа за која нејзината влада намерно молчи.

Во Кина, на лекарите им било кажано да дијагностицираат само случаи поврзани со пазарот на морска храна во Вухан и да ги игнорираат сите останати.

„Сфатив дека ова е итна информација која морам да ја споделам со целиот свет. „Не можев да молчам“, рече таа во интервјуто за „Фокс њуз“.

Д-р Јан неколку пати известувала за своите откритија, а еден од супервизорите во еден наврат ѝ пришол и ѝ кажал: „Молчи и биди внимателна“.

Лажгa и предавничка

Со зголемениот страв дека информациите кои ги има можат да спасат многу животи, но и да резултираат со повеќе смртни случаи доколку не бидат објавени, таа одлучила да се пресели во САД.

Тоа било тешка одлука затоа што таа е мажена и е единственото дете на таткото инжинер и мајката учителка.

Знаела дека ако замине, таа веројатно веќе никогаш нема да го види своето семејство и дека нејзините најблиски може да бидат казнети за нејзиниот јавен настап и откривање на државни тајни.

Меѓутоа добро знаела дека ако ги открие информациите додека била сè уште во Кина, ќе биде убиена или прогласена за исчезната. Преплашена и со минимален багаж, Јан се качила на летот за Лос Анџелес на 28 април. По пристигнувањето на аеродромот, таа им ја раскажала на граничните власти нејзината приказна, молејќи ги да ѝ одобрат престој во Соединетите држави.

Во меѓувреме, нејзината куќа и канцеларија биле претресени, додека нејзините родители биле принудени јавно да кажат дека таа е лажга и предавничка.

Криејќи се во Соединетите држави, докторката истакна дека стравува дека Ковид-19 е намерно создаден во лабораториски експерименти врз лилјаци заразени со коронавирусот, кои ги спровела кинеската армија.

Оттогаш, Кина се обиде на секој начин да ја ублажи нејзината репутација како експерт за вируси и да ги поткопа сите нејзини тврдења за потеклото и ширењето на короната.