Повеќе од 80 држави бараат околу 20 милијарди долари од ММФ во борбата против ковид-19

14

Повеќе од 80 држави досега се обратиле до Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за финансиска помош за вкупно 20 милијарди долари во борба против пандемијата со коронавирусот.

Поголем дел од барања доаѓаат од држави со мали приходи и земји во развој.

Од ММФ потенцираат дека иницијативата за стопирање на плаќањата на долговите поради пандемијата со Ковид-19 не значи и отпишување на долгот.