Погледот на малиот Арчи ги разнежни сите! (ФОТО)

12

Принцот Хари (35) и војвотката од Сасекс Меган Маркл (38), ги воодушевија сите кога на друшвените мрежи вчера вечер објавија божиќна честитка со 7-месечниот син Арчи. Службениот твитер-профил на кралскиот пар објави фотографија на која Меган и Хари позираат под божиќното дрво, додека цело внимание го украл Арчи кој љубопитно го гледа објективот на фотоапаратот.

„Ова е најслатката божиќна честитка на војводата и војвотката од Сасекс. Среќен Божиќ на сите“, стои во објавата на службениот профил. Кралскиот пар кој е познат по тоа што не се држи според препишаните правила, за овие празници одлучи да ја посети Канада во која Меган живеела 7 години.

„На војводата од Сасекс му беше чест да ја посети Канада, а на војвотката и беше дом 7 години пред да стане член на кралското семејство“, изјавил извор за британските медиуми. Војвотката живеела во Торонто пред да се придружи на кралското семејство. Таа поради Хари се поздрави со ликот на Рејчл Зејн во популарната серија „Suits“ која ја лансираше меѓу ѕвездите.

Бабата, кралицата Елизабета Втора (93) го подржува планот Меган и Хари да се одморат и не се придружат на остатокот од кралското семејство за Божиќ.