Погрешно разбрана неутралност или фрустрациите на Виктор

106

Неутралноста е принципиелна позиција, и не значи да се избега дебатата или вистината, туку почит на едно универзално право што треба да го уживаат сите луѓе во светот, дури и ако не се секогаш во право

Од Даут ДАУТИ

Те споменувал на фиљан фистек во еден натпис, ми вели син ми. Аирлија да е, му велам, за добро или лошо, тој ме спомнал? Да, ама не за добро! Аирлија да е, ако сум згрешил нешто, го заслужувам јавниот укор. Ме натера да сум љубопитен да видам каков грев сум направил и во кој контекст сум ставен. Лицето го познавам како еден од ретките експоненти на бугарскиот идентитет во Македонија, особено „активен“ во последно време. Ако до сега тој или некој припадник на бугарската националност беа (само) воздржани да излегуваат јавно и да го искажат тоа што им лежи на срце, сега, после договорот со Бугарија за добрососедство, како да добиле крила (кураж) да го изразат сето тоа што го имале во нивните срца и се плашела да го кажат.

Каузата на едно лице како Виктор К., (секоја алузија со ликот на Кафка Joзеф К е непотребна) треба да се поддржува, затоа што припаѓа во корпусот на човековите права. Ако тој со години се чувствувал под притисок на државата, треба да се охрабри да се чувствува слободен да го изразува својот идентитет. Фактот што ме спомнал не ме изненади многу, бидејќи пред извесно време јас го спомнав како „контроверзна личност што ги става на сиклет македонските историчари“. Тој се познал себеси во таа фраза, бидејќи е лесно да се познаеш себеси, затоа што некои медиуми, кога имаат потреба да земат некој интелектуалец кој ќе зборува за бугарско-македонските односи, го бираат него. Но, ако тој го прочитал внимателно мојот коментар требал да го сфати како комплимент. Инаку, не е се кај аргументот, нешто зависи и од темпераментот, додека токму тој е таков, борбен, бескомпромисен до контроверзноста. Има и контроверзна мината историја, судот (тој сигурно го третира како политички суд), го осудил пред околу 10-15 години за недолично однесување во јавност (не сакам да го опишам делото за што е осомничен,за да ја зачувам коректноста на комуникацирањето, но и да му веруваме на зборот дека бил наместен!).

Спомнувајќи не нас, неколку Албанци што сме имале натписи на темата што нему најмногу му боли и нарекувајќи нас „чесни Албанци“, секако дека малку се стави во саклет (мака). Севкупно, се чини јасно дека авторот ги помешал топките и ја промашил целта на неговите ставови. Од друга страна не поттикна да размислиме уште еднаш да ги преиспитаме, можеби позициите. дилемата е околу тоа каков треба да биде ставот на албанските интелектуалци за македонскиот идентитет – дали треба да биде неутрален или треба да биде произволен, што значи да ја држиш страната на една странка. Фактот, што моите ставови но и ставовите на некои други Албанци на Виктор му се чинеле како про-македонски, не направи „чесни Албанци“.

Се двоумев дали да му одговорам или не. Посебно што својот став го искажал мактел.мк, па бев убеден дека не вреди. Но, бидејќи написите на весникот КОХА сега се преведуваат и на македонски јазик, се надевам дека Виктор ќе го прочита овој напис.

„Трагично е молчењето на Албанците во дебатата со Бугарија, како да им одговара, Македонците да остануваат про-српски, за да ги победуваме полесно“, е една од сублимираните тези на Виктор. Како прво, не е вистина дека Албанците молчеле, барем не авторот што го споменал во своето интервју. И уште повеќе, дека има некој Албанец кој мисли дека Македонците треба да се про-српски. Како второ, во текстовите што со години, сум ги пишувал, особено во македонскиот печат, една од моите цели беше некако да влијаам да свеста на индоктринираните Македонци да се ослободат од српските влијанија. Особено, со цел на уништувањето на српските тези против Албанците, особено кај некои пишувачи на историјата. Како трето, научните дебати никогаш не се затвараат … Затоа, една отфрлена невистина од овој автор, само ја зголемува контроверзноста за ставовите кој ги пласира. Споменувајќи 7-8 имиња на Албанци, тој се демантира себеси, односно, има и такви кои не молчат! Очигледно, нему најмногу го боли не кога молчат, туку кога зборуваат или дејствуваат.

Впрочем, во рамките на дебатата со Бугарија што беше споменувана од него, јас сум имав серија написи кои биле во позиција на разјаснување на социо-културните и историските аспекти на создавањето на народите, почнувајќи од примерот на Македонците. Сигурно нему не му се допаднала тезата дека народите се создадени врз основа на историските околности, некој порано некој подоцна, и дека примерите на некои соседни народи, како што се Србите, Хрватите, Црногорците, Бошњаците, Македонците, Србите можат да имаат заедничко потекло во минатото, но околностите денеска ги диференцирале во различни идентитети. Спомнав и дека македонскиот народ веќе стекнал посебен идентитет, со кои има заедничко потекло и сличен јазик (бугарски, српски, хрватски …) со други народи, но и дека тука нема враќање назад.

Виктор бара од Албанците да се дистанцираат од „југословенскиот македонизам“, поточно, да интервенира во свеста на 1,3 милиони луѓе кои се чувствуваат Македонци и со тоа , за неговиот ќеиф, да им се негира правото на чувство да се самодекларираат (изразуваат). Ако Виктор бара за себе си да се декларира како Бугарин во Македонија, тој бара од Албанците да им го негираат тоа основно човечко и уставно право на другите! Нема како да ја докажеш твојата контроверзија, освен со такви непримерни барања. Додека тој се однесува како некој што целиот свет му е виновен, јас се сеќавам на една мината епизода во која го бранев правото да се декларира и организирањето на бугарска организација во Македонија. Јас бев еден од членовите на Управниот одбор на Хелсиншкиот комитет за човекови права во Македонија, и сме го бранеле правото на регистрација на “Радко”, организација, која на сцена се памети по скандалот во „Холидеј Ин“, кога физички го нападнале починатиот новинар на “Нова Македонија”, Спасе Шуплиновски, како провокатор. И покрај тој скандал, Хелсиншкиот комитет се позиционираше против нерегистрирањето на оваа организација, дури и го бранеше во Стразбур. Зошто? Затоа што не можеше да се забрани едно здружение заради припадноста на нејзините членови. Би било друго прашање дали неговата дејност била против поредокот.

За себе немам дилема дали треба да се каже вистината или да се молчи. Меѓутоа, во еден интервју за “Утрински весник” реков дека Македонците не треба да очекуваат меѓуетничките поделби и недоразбирањата да ги решат Албанците. Овој став може да се проширува и во споровите меѓу другите народи, каде Албанците треба да ја чуваат неутралноста и еквидистанцата, така што тие сами да ги решат нивните недоразбирања или спорови. Дали Албанците може да се пуштат во дебати дека не постојат Бошњаците, Македонците и Црногорците …бидејќи тоа го вели некој Шешељ, Емир Кустурица или Виктор Канзуров, кога имаш милиони припадници на овие народи кои се чувствуваат како такви? Конечно, зарем не е во спротивност со сите меѓународни документи што го гарантираат правото на самодекларирање?

Затоа и ми дојде малку чудно интервјуто на овој Бугарин од Македонија, чие право никој не смее да го негира, но ниту тој треба да им го негира на другите. Неутралноста е принципиелна позиција, не да се избега од дебата или вистината, туку во почит на универзалното право што треба да ја уживаат сите луѓе во светот, дури и ако секогаш во не се во право.

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)