Поднесени над 700.000 барања за ваучер со попуст во грчките супермаркети

2

Над 700.000 барања досега биле поднесени за т.н.„market pass“, односно ваучерот со попуст за пазарување во супермаркетите во Грција, преку специјалната платформа за пријавување, што беше отворена вчера, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Новата мерка на грчката Влада соопштена во декември, предвидува во период од шест месеци, односно од февруари до јули, да бидат покриени десет проценти од трошоците на граѓаните за супермаркет и продавници за храна.

Според АНА-МПА, ваучерите ќе се доделуваат на домаќинствата, согласно финансиската состојба, ќе покриваат десет отсто од месечните трошоци, кои се 220 евра за домаќинство со еден член, а се зголемуваат за 100 евра за секој дополнителен член.