Пожарникарите волонтери во Австралија добиваат платено отсуство

38

Австралискиот премиер Скот Морисон објави дека пожарникарите доброволци од федералниот јавен сектор ќе добијат платено отсуство затоа што со денови се борат со гасење на пожарите што ја погодија земјата.

Тој рече дека ќе добијат уште 20 дена платено отсуство покрај правото на годишен одмор и боледување, пренесува АП.

Низ целата земја, изминативе неколку месеци изгореа пет милиони хектари, а девет лица загинаа, додека повеќе од 950 домови се уништени.

Властите предупредуваат дека пожарите во Нов Јужен Велс може да траат со месеци и стравуваат дека тоа би можело да ги исцрпи пожарникарите.

„Денешното соопштение треба да обезбеди дека нашите пожарникари волонтери можат да се фокусираат на работата“, рече Морисон.