Пожарот избувнал во 21:02, a десет минути подоцна се слушнала силна експлозија!

125

Пријавата за пожарот во модуларната болница во Тетовската болница е пристигнат во 21 часот и 2 минути, по што е веднаш реагирано со 7 возила и 30 пожарникари и веднаш започнало гаснењето на пожарот. При тоа преземени се мерки за да не може пожарот да се прошири на околните згради.

“Додека се гаснеше пожарот, се вадеа мртви, се вадеа и живи, но во овој миг не може да се каже колку луѓе” – изјави Трајчевски за Телма.

Од наша страна сите пожарникари ги ризикуваа животите , за да им помогнат на пациентите, пациентите ги вадевме сосе кревети, додава Трајчевски.

При тоа, Трајчевски потврди дека експлодирале и боци со кислород од пламенот, додека во 21.30 часот пожарот бил локализиран а во 21.45 часот бил изгаснат целосно. Тој засега не сакаше да шпекулира што го предизвикало пожарот.

Според очевидци, експлозијата се случила 10 минути подоцна, односно околу 21 и 10 часот.