Позитивни родилки на Ковид-19 се третираат на ГАK

На еден оддел на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје се третираат родилки кои се позитивни на новиот коронавирус, по сите протоколи и строго утврдени сатндарди.

10

„Само доколку има потреба од растоварување на работата на ГАК, сите други нормални случаи на бременост кои не се суспектни на вирусот, може да бидат префрлени на третман во гинеколошката болница во Чаир. Но, само доколку има потреба за тоа“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Инаку, синоќа на Клиниката за гинекологија и акушерство беше породена 27-годишна жена од Куманово во осмиот месец на бременоста.