Позната е цената по која Абрамович ќе го продаде Челзи

1

Роман Абрамович побарал од американската инвестициска компанија Raine Group да ја преземе продажбата на Челзи.

Русинот, кој е сопственик на Челзи од 2003 година, се надева дека клубот ќе може да го продаде на Американците откако не успеа да најде заинтересирани купувачи во Кина, Далечниот Исток и Источна Европа. Позната е и цената што ја бара за освојување на Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

Според Дејли Мејл, станува збор за три милијарди фунти, односно се тврди дека Русинот го проценува својот лондонски клуб на вредност поголема од три и помалку од четири милијарди фунти. Се наведува и дека под знак прашалник е дали потенцијалниот купувач ќе сака да ја плати минималната сума што ја бара. Абрамович и претходно размислувал да го продаде клубот, а руската инвазија на Украина му дала нов поттик за тоа.

Врските на Абрамович со Владимир Путин би можеле да ги оддалечат потенцијалните купувачи од Челзи, се додава во текстот, потсетувајќи дека рускиот милијардер, покрај клубот, го продава и својот недвижен имот во Англија.