Позната листата со барања на Турција, ниедно не е поврзано со Русија

10

Заканата на Турција да го блокира пристапот на Финска и Шведска во НАТО нема никаква врска со Русија, пренесува „Раша тудеј“ повикувајќи се на агенцијата „Блумберг“, која наведува дека тројца високи турски функционери ѝ потврдиле дека Турција има список со барања за НАТО, а за возврат, доколку бидат исполнети, ќе ги пушти Финска и Шведска во алијансата.

Списокот почнува, според „Блумберг“, со барање да се укинат санкциите воведени кон Турција поради купувањето на рускиот систем „С-400“, а исто така бара повторно вклучување во напредната програма за набавка на авиони „Ф-35“.

Финска и Шведска денеска официјално ја поднесоа својата апликација за членство во НАТО, а за да се постигне тоа, мора да гласаат „за“ за сите 30 членки на алијансата. Сепак, турскиот претседател рече дека Турција нема намера да се согласи на тоа.

Шведска и Финска се во конфликт со Турција бидејќи даваат политички азил на лица за кои Анкара наведува дека се терористи, односно припадници на Курдите и бараат овие „терористи“ да им бидат екстрадирани, што двете нордиски земји го одбиваат.