Познатиот холивудски „секс-стројник“ почина на 96 години

11

Писателот Скоти Бауерс, попознат како холивудскиот „стројник за секс“, почина во неделата на 96-годишна возраст.

Тој е најпознат по автобиографијата „Целосна услуга: Моите авантури во Холивуд и тајниот сексуален живот на ѕвездите“ (Full Service: My Adventures in Hollywood and the Secret Sex Lives of the Stars), по која 2017 година беше снимен и документарец, како и неколку други книги.

Режисерот на документарецот, Мет Тирнауер тврди дека сѐ во филмот е веродостојно и проверливо. Сепак, некои од приказните може и да се „доукрасени“ низ годините, пишува „Варајети“.

Меѓу попознатите кои побарале „посредничка услуга“ од Скоти, според неговите сведоштва, биле Рок Хадсон, Кетрин Хепберн, Бет Дејвис, Кери Грант, Чарлс Лафтон и други.