Покренато обвинение против седум лица за учество во насилна толпа

19

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против шестемина учесници на протестите во врска со пресудата за предметот „Монструм“, за кои претходно беше поведена постапка и беше им определена мерка притвор. Сите се обвинети за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Заедно со обвинителниот предлог, скопското обвинителство предложи и да им биде продолжена притворската мерка со цел нивно обезбедување во текот на кривичната постапка.

За истото кривично дело поднесен е обвинителен предлог и против уште едно лице, за кое обвинителството на судот денеска му предложи да определи мерка притвор, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.