Поларниот бран пристигнува денес попладне – за викендот снег

102

Денес времето во државава ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кој поинтензивни ќе бидат во западните предели (над 25 л/м2). На планините ќе врне снег. Попладне ќе започне да дува засилен, повремено силен ветер од северен и северозападен правец и истиот ќе услови нагло и големо заладување на времето. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, кон крајот на денот нагло ќе опаѓаат.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе започне да дува засилен северен ветер и истиот ќе услови осетно заладување на времето, максималната температура ќе се искачи до околу 11 степени.

Потоа утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето, додека за време на викендот ќе има врнежи од снег и насекаде ќе се формира снежна покривка, поозначителна во западните и јужните предели. На планините истата ќе се зголемува а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Наутро температурите на воздухот понекаде ќе се спуштат и под =12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -7 до 2 степени.

Многу студеното време ќе се задржи и во текот на следната недела а температурите наутро понекаде ќе се спуштаат и под -15 степени. Под нулата ќе бидат и дневните температури.