Поларните мечки може да исчезнат до крајот на 21 век

63

Поради климатските промени, поларните мечки може да исчезнат до крајот на 21 век, велат експертите и повикуваат на итно дејствување кога станува збор за ова прашање. Научниците предупредуваат дека одредени животински видови се веќе значително загрозени поради топењето на глечерите и се принудени да се движат што е можно повеќе за да стигнат до храна, пишува „Би-би-си“.
– Симбол на ваквите промени стана поларната мечка – потсетува д-р Стивен Молнар од универзитетот „Торонто“ во Онтарио, кој предупредува дека овие животни нема каде да одат на друго место.

Меѓународната унија за зачувување на природата посочи дека поларните мечки се меѓу најзагрозените видови и дека постои можност тие да исчезнат меѓу првите. Како причина за тоа ги наведоа климатските промени.
Студијата покажала дека климатските промени, поточно топењето на глечерите предизвикува намалување на бројот на поларните мечки.
Д-р Стивен Амструп, кој исто така работел на оваа студија, вели дека мора веднаш да се преземат активности за да се избегне најлошото сценарио.

Имајќи ги предвид досегашните процени поврзани со емисијата на штетни материи, се претпоставува дека поларните мечки ќе исчезнат до 2100 година. Дури и ако се намали емисијата на штетните материи, оваа популација ќе исчезне.
На секои десет години, 13 проценти од мразот на Арктикот се топи, според снимки направени од 1970-тите.