Полициска акција во Куманово, опколена куќа во Диво Насеље

0

Полициска акција, како што објави Алсат ТВ, се одвива во моментот во кумановската населба Диво Насеље. Според неофицијални информации на медиумот, се трага по наркотици, а единствено што се знае дека полицијата опколила куќа од сите страни.

Повеќе детали за големата акција на специјалната полициска единица се очекуваат подоцна во текот на денот.