Полицискиот час да остане од полноќ до 4 часот, предлага Комисијата за заразни болести

9

Полицискиот час да остане од полноќ до 4 часот, т. е. да останат на сила веќе постоечките рестриктивни мерки, е предлогот од денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, објави државната агенција МИА. Останува на сила одлуката летните тераси на угостителските објекти работат до 23:30 часот.

Предлогот за олабавување на мерките, беше донесен минатиот понеделник врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број на новозаразени и ослободувањето на поголем дел од болничките капацитети.

Според последните информации од Министерството за здравсттво, во земјава има 3.636 активни случаи на заболени од ковид-19, а во болниците во цела држава лежат 490 ковид пациенти.

Министерот за здравство Венко Филипче на 14 мај рече дека постојните мерки треба да бидат на сила најмалку уште една недела, но дека барањата на угостителите за живи свирки и за свадби дополнително ќе се разгледаат.

Филипче кажа дека останува на ставот маски да се носат и на отворено уште некој период, односно додека не се имунизира поголем дел од населението.