Полицијата во Вашингтон уби уште еден Афроамериканец (ВИДЕО)

9

Полицијата во Вашингтон вчера застрела Афроамериканец откако невиден бран протести против расизмот и полициското насилство се прошири низ целата земја.

Властите соопштија дека полицијата се наоѓала на југоисток од градот, нешто после 16 часот (22 часот по средноевропско време), распрашувајќи се за „вооружен човек во автомобил“.

„Како што се приближија до возилото, некои успеаја да избегаат, а еден полицаец пукаше и уби едно лице“, рече на прес-конференција началникот на полицијата во американскиот главен град Питер Њушам.

„Сметаме дека тоа лице имало оружје во тоа време“, додаде тој, велејќи дека на местото на настанот се пронајдени две парчиња оружје.

„Жртвата е млад Афроамериканец“, изјави за медиумите Трејон Вајт, градски советник, повикувајќи на објавување на снимките од полициските камери.

„Нема да остане само така, не дозволувајте медиумите да молчат за случајот“, истакна локалниот огранок на движењето Црни животи, повикувајќи на протест.

Инцидентот се случи по повеќемесечни протести против полициското насилство низ САД и само два дена откако полицијата во Лос Анџелес застрела Афроамериканец на велосипед.