Полицијата го прогласи за починат сопственикот на изгорената куќа во Велес, а тело нема

3

Миле Паунов, сопственикот на изгорената куќа кај Варналиите во Велес, МВР го прогласи за починат, иако неговото тело не е пронајдено. Во краткото соопштение објавено вчера попладне, во дневниот билтен МВР објави за пожарот, во кој до темел изгоре куќата на Паунови, заштитена од државата, а таа до неа на Маневи исто така заштитена како културно наследство е оштетена и невселива од огнот и водата со која се гаснел пожарот.

Од МВР соопштија дека петокот во 23.30 часот било пријавено дека во Велес, на улица Јован Алабаков настанал пожар во куќа, сопственост на М.П.(79) и истиот загинал. Од пожарот била зафатена и соседна куќа.

Во текот на вчерашниот ден се рушеше изгорената куќа, за што се користеше булдожер. Според соседите до вечерта не било пронајдено тело, а денес поради дождот, не се започнати никакви активности.