Полицијата со експлозив извршила претрес во станот на напаѓачот во Виена, центарот прогласен за црвена зона

16

Четири лица се убиени во терористичкиот напад во срцето на Виена, додека пак петтиот убиен е еден од напаѓачите.

По нападот започнала голема полициска акција со цел да се пронајдат и другите напаѓачи. Според шефот на виенската полиција, дојавата за напад е примена нешто по 20 часот, каде според изворот маж пукал со пушка.

Итните служби биле упатени во близина на синагогата, а дошло и до размена на оган меѓу полицијата и напаѓачите. Еден од полицајците е тешко повреден.